Со концерт на „Архангел“ започна официјалната програма на 22. издание на „Таксират“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со концертот на групата „Архангел“, кој беше одржан согласно протоколот за организација на јавни настани во затворен простор, започна официјалната музичка програма на 22-рото издание на фестивалот „Таксират“.

Првиот од низата концерти во склоп на фестивалот, а и воедно првиот културен настан организиран во затворен простор, помина во најдобар ред и со максимално почитување на протоколот, јавуваат од продукцијата.

Под мотото 30 години љубов, на бината на „Таксират“ „Архангел“ настапи со целовечерен концерт, на кој беа изведени дури дваесет и седум песни, приредувајќи едно ново, необично и досега невидено искуство.

Врвните македонски музичари кои го придружуваа Вртев на сцената, направија познатите „Милион долари“, „Чудесен свет“, „Вина невина“, „Сениште“ и сите останати песни да добијат уште поголема смисла и длабочина.