Со капче, фамозните „Мајбах“ очила и лисици на раце Груевски пред суд во Будимпешта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со бејзбол качкет на главата и фамозните „Мајбах“ очила за сонце и лисици на рацете под сакото кое цело време го држеше в раце, бившиот премиер и моментален азилант Никола Груевски утрово беше изведен пред судските органи во Будимпешта во врска со барањето за негова екстрадиција во Македонија.

На крај судијката оцени дека нема можност за екстрадиција и нареди ослободување на Груевски. Одлуката се подготвува, а според унгарските новинари со кои Телма контактираше судот сметал како унгарското правосудство не смее да одлучува и суди за нешто што се случувало во Македонија. Судијката смета дека не може да одобри ектрадиција на лице кое добило азил и да дозволи тоа да биде вратено во земјата на чии услови било одобрено барањето за азил, пренесува Телма.

Инаку судењето беше зад затворени врати затоа што станувало збор за таков вид на постапка во граѓански судови кои одлучуваат за екстрадиција.

Ова е второ барање на македонските власти за екстрадиција на Груевски, овојпат е по обвинението за организација на настаните од 27-ми април. Првото барање беше за екстрадиција за двегодишната затворска казна за случајот на СЈО Тенк. Но Груевски доби азил откако Будимпешта го прифати неговото барање поткрепено со тврдења за политички прогон.