Home Вебкафе Интернет популацијата збунета од твитот на Илон Маск за Месечината

Интернет популацијата збунета од твитот на Илон Маск за Месечината

Пред неколку недели на интернет му мавнаа јак ремет на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој твитна дека месечината е дел од Марс.

Сега Илон Маск направи сличен гаф. Но, дали намерно или ненамерно – интернет популацијата остана збунета од овој негов твит.

Во понеделникот Маск твитна слика од „крвавата Месечина“, направена за време на затемнувањето на Месечината во јули 2018 година, заедно со знакот „Окупирај го Марс“.

Откако некој ја посочи очигледната грешка, Маск одговори со неколку насмевки и брзо допиша: „И Месечината, исто така“.

Некои од следбениците на Маск ја искористија можноста да се подбиваат со неговото мешање на Марс и месечината.

Но со оглед на тоа што Маск е извршен директор на прилично општо позната компанија што испраќа работи и луѓе во вселената, малку е веројатно дека тој всушност ја направил оваа грешка. Дали се потсмева со Трамп и со неговата грешка?

Веројатно никогаш нема да ја дознаеме вистината, но мора да го запамтиме неодамнешното признание на Маск дека неговите твитови се „тотална глупост“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Можеш ли да препознаеш токсична личност за само 5 минути? Експертите велат – да, можно е!

Можеш ли да откриеш дали некој е токсичен за само 5 минути? Стручњаците велат – да, можеш!…