Home Спорт Со гол примен во 124-та минута Алжир остана без учество на Мундијалот во Катар – на тренерот буквално му се снеарни (снимка)

Со гол примен во 124-та минута Алжир остана без учество на Мундијалот во Катар – на тренерот буквално му се снеарни (снимка)

Камерун со гол во 110-та минута го елиминираше Алжир и се пласираше на Светското првенство, по што домаќините почнаа да тагуваат, а најмногу тоа го погоди селекторот Џамел Белмади.

Белмади падна на тревата и почна да плаче, а поради стресот покрај него беа и членовите на медицинскиот тим кои внимаваа на неговото здравје.

Никој не можеше да го утеши бидејќи знае каква шанса пропуштија, откако во првиот меч славеа победија со 1-0, додека во вториот губеа од 14. минута со голот на Чупо-Мотинг.

Алжир изедначи во 118-та минута, но не успеаја да издржат, па Токо-Екамби во 124-та минута погоди со што однесе Камерун на Мундијалот во Катар, каде што ќе биде во четвртиот шешир.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…