Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во инцидент кој се случи во близина на еден кружен тек во црногорскиот град Никшиќ, неколку лица се повредени откако возач на автомобил БМВ удрил во група на луѓе кои ја прославувале изборната победа на опозицијата на вчерашните избори.
View this post on Instagram
Од полициската управа соопштија дека има повеќе повредени, додека едно лице е во тешка состојба после инцидентот. Предниот дел на автомобилот е целосно уништен, што најдобро сведочи за силината на ударот. Изреволтираната група го извала возачот од возилото и физички го нападнале – ситуација која, исто така, е фатена на снимка.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи се појави и видео кое е направено непосредно после инцидентот во вториот град по големина во Црна Гора.
Да потсетиме, споре резултатите од вчерашните избори, опозицијата освои мнозинство мандати, што значи дека Демократската партија на Мило Ѓукановиќ после 30 години се сели во опозиција.