Со 112 години и 326 дена влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар човек на светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешен одгледувач на шеќерна трска во Порторико, Емилио Флорес Маркез, на околу еден месец пред неговиот 113. роденден влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот човек во светот.

Маркез е роден на 8 август 1908 година во Каролина, Порторико. Во средата, кога официјално влезе во Гинисовата книга, имаше 112 години и 326 дена.

Маркез беше 75 години во брак со Андреа Перез, сè до нејзината смрт во 2010 година. Тие имаа четири деца. Маркез сега има и пет внуци и пет правнуци.

Тој изгубил поголем дел од слухот, а на 101 година вградил пејсмејкер. Сега е во добра здравствена состојба.

Поранешниот најстар човек на светот беше Романецот Думитру Комнеску. Почина на 27 јуни 2020 година на возраст од 111 година 219 дена.