Home Вебкафе Сладолед кој не се топи – дознајте ја тајната на Јапонците

Сладолед кој не се топи – дознајте ја тајната на Јапонците

Група истражувачи од Јапонија измислија сладолед што не се топи, кој е идеален за високи температури.

Важна состојка на ваковиот сладолед до која дојдоа научници од Центарот за истражување на развојот на биотерапијата во јапонскиот град Каназава, е полифенолот, екстракт од јагоди.

На ова му претходеа напори да се помогне на засадите на јагоди во случај да дојде до природни катастрофи. Истражувачите замолиле еден готвач да експериментира со екстрактот од јагоди.

Откако тој им се пожалил дека слатката павлака се стврднува кога во неа додава полифенол, тие сфатиле дека маслото и водата поради полифенолната течност не можат да се разложат, па благодарение на таа состојка направиле сладолед што не се топи.

„Сладоледот кој ја содржи оваа состојка може да ја задржи оригиналната форма подолго време отколку обичниот сладолед“, рече шефот на истражувачкиот тим Томихиса Ота.

Јапонски новинари експериментирале со сладоледот и го чувале на сонце на температура од 28 степени, но тој и по три часа ја задржа својата форма.

Производството на сладолед кој нема да се топи веќе почна во Јапнија, а ова задоволство чини 4,5 долари.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…