Скапа страст: Новинарката бара 600.000 долари оштета за овој бакнеж


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


37-годишниот бугарски боксер Кубрат Пулев може да биде принуден да исплати обештетување од 600.000 долари на новинарката Џени поради „сексуално вознемирување“, заради ненадејниот и нападен бакнеж кој ѝ го зададе јавно, пред камери.

Репортерката го пријави боксерот, па сумата која би бил принуден да ја исплати како обештетување на новинарката Пулев може да го чини многу повеќе од наградата од 250.000 евра која ја освои со победата над Романецот Богдан Дину, после која тој нападно ја бакна Џени.

Кубрат после тој боксерски дуел даваше интервју за Џени, кога на самиот крај од разговорот ненадејно ја бакна, поради што таа го тужи тврдејќи дека тој бакнеж кај неа предизвикал сериозни психички трауми.

Џени е застапувана од адвокатката Глорија Алред, која е специјалист за слични случаи, а сослушувањето на двете страни пред калифорниската атлетска комисија е закажано за 24 мај.

Бугарскиот боксер тврди дека станува збор за сериозна провокација од репортерката, притоа истакнувајќи дека за време на боксерскиот дуел изгубил извесна количина на крв, поради што не можел разумно да расудува.

Адвокатскиот тим на бугарскиот боксер истакнува дека постојат и снимки на кои се гледа како новинарката во провокативно издание седи со нив после борбата.