1.100 евра казна и пет години забрана за влез во Македонија за лицето што развеа албанско знаме на Самоиловата тврдина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските власти му одредија казнена мерка на лицето кое изминатиов викенд беше едно од лицата кои истакнаа огромно албанско знаме на Самоиловата тврдина.

„Знамето на Албанија го поставивме на исто место каде што било во времето на Скендербег, кога тој ги бранел албанските земји“, вели Ѓерг Прекоцај, еден од четирите лица кои вчера го развиорија албанското знаме на “Самуиловата тврдина” во Охрид. Во изјава за албанската новинска агенција ИНА, Прекоцај истакнал дека е пресреќен поради тоа што го направиле членовите на фолклорната група “Арбреш”, чии што лидер е самиот тој.

-Јас сум Албанец, а Господ ни ги дал нас овие територии и тие ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме“, изјави Прекоцај.

За ваквиот прекршок, тој како предводник на групата беше казнет со 1100 евра, протеран од земјава и доби петгодишна забрана за влез во Македонија.

Неколку помали и едно 15 метарско знаме на Република Албанија, вчера во претпладневните часови беа поставени на кулите и главниот влез од “Самуиловата тврдина” во Охрид. Случајот бил забележан од граѓаните кои се движеле низ центарот на Охрид и веднаш бил пријавен во полиција.