Сите принцези од Дизни имаат физички недостаток кој досега никој не го забележал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дека и принцезите од продукцијата на Дизни секогаш имаат тенка половина, големи очи и бујни коси – тоа веќе сите го знаат како непобитен факт. Но, и покрај нивниот речиси идеален физички изглед, сите нив често им е заеднички еден физички недостаток кој досега ретко кој го забележал.

Некои од ликовите, како Пепелашка, ако погледнете подобро, ќе забележите дека немаат уши. Но, тоа не единствениот физички недостаток. Ако погледнете уште подобро, ќе забележите дека сите немаат нокти на рацете.

Никогаш не е конкретно објаснето зошто аниматорите одлучиле принцезите, па и другите ликови од светот на Дизни, да ги цртаат без нокти. Но, се претпоставува дека станува збор за намалување на времето и трошоците кои би ги повлекло со себе цртањето на тие физички (неизбежни) детали во секоја сцена каде што се појавуваат ликовите.

Во прилог на оваа теорија оди и некогашната изјава на Волт Дизни дека Мики Маус има само четири прсти. Може да се забележи дека во некои сцени и неговите принцези имаат помалку прсти.

Сепак, постојат амбициозни аниматори кои во одделни сцени на Дизни убавиците им ги цртале ноктите, но тие подоцна со тек на време повторно исчезнале. Ноктите подеднакво се отсутни и кај женскитем и кај машките ликови.