Home Актуелно „Двојазичност“ на дело: Таравари отвори училиште со табла само на албански јазик!!!

„Двојазичност“ на дело: Таравари отвори училиште со табла само на албански јазик!!!

Спротивно на законот кој обврзува пред сите табли на државни институции името да биде впишано задолжително на македонски јазик, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари посети училиште во Форино, гостиварско, каде на училиштето има голема табла само на албански јазик.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вчера беше во посета на училиштето во село Форино каде започнаа активностите за изградба на нова градинка. Она што е спорно е дека на таблата името на училиштето е напишано само на албански јазик.

Ова претставува прекршување на законот кој предвидува на сите табли на државни институции името да биде впишано задолжително на македонски јазик.

Од Државниот просветен инспекторат и од Инспекторатот за локална самоуправа се уште нема реакција за ова прекршување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…