Home Шоубизнис Синот на Ескобар тврди: Френк Синатра беше „човек од татко ми“, работеше за него

Синот на Ескобар тврди: Френк Синатра беше „човек од татко ми“, работеше за него

Синот на легендарниот криминалец и нарко-бос, Пабло Ескобар, архитектот Себастијан Марокин тврди дека еден од соработниците на татко му бил и легендарниот пејач Френк Синатра.

„Тој сесрдно му помагаше на Ескобар да заработува околу 420 милиони долари неделно. Беше подобар препродавач, отколку пејач“, вели Марокин.

И братот на Пабло, Роберто Ескобар ги потврдува овие наводи во својата книга, раскажувајќи како се почнало со тоа што Синатра се понудил да му го покаже Лас Вегас од хеликоптер.

Синатра почина 1998 година. Ова не е првпат тој да се поврзува со мафијата. ФБИ има цело досие за тоа со кого се бил поврзан во американското подземје, особено во Филаделфија и Детроит.

Гласините говорат и дека лик од филмот „Кум” е заснован на Синатра и тоа како тој ја добил улогата во „Одовде до вечноста” за којашто тој 1954 година беше награден и со Оскар. Токму затоа Синатра го мразел филмот „Кум“ и бил во постојан конфликт со режисерот Френсис Форд Копола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …