Една од жртвите на Вајнстин објави снимка со конроверзниот продуцент „на дело“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мелиса Томпсон, една од повеќето жртви на контроверзниот холивудски продуцент Харви Вајнстин, објави снимка на која се гледа како Харви се однесува непристојно кон неа за време на еден работен состанок. Снимката е направена само неколку часа пред, како што вели таа, тој да ја силува истата вечер во хотелска соба.

Мелиса се сретна со Вајнстин во неговата канцеларија, каде, требаше да одржат работен состанок. Меѓутоа, на снимката се гледа како познатиот продуцент и се нафрлува, а таа се обидува на фин начин да го избегне неговото флертување.

Во интервју за „Sky News“, каде што и ја проследи снимката од состанокот. На самиот почеток од состанокот, на снимката се гледа дека Мелиса е во друштво со Харви, кој се соочува со обвиненија за силување. На почетокот се гледа како таа се обидува да се ракува со неа, но тој одлучи дека е подобро да ја прегрне и да ја спушти раката кон долниот дел од нејзиниот грб.

„Си помислив, добро, ме гушна, што сега да правам?“, вели таа и рече дека не успеала да се снајде најдобро во тој момент.

Во интервјуто вели дека мислела дека станува збор за работен состанок, но дека продуцентот постојано индиректно ги наметнувал своите поинакви намери.

Еве ја целата снимка.