Вебкафе

Симулација: Видете како би изгледало слетувањето на Плутон!

Видеото што НАСА го објави неодамна, е засновано врз фотографиите што ги испрати сондата New Horizons и прикажува симулација на слетувањето на Плутон.

Снимката е направена од фотографии сликани во период од шест месеци, додека сондата се доближувала до Плутон летото 2015 година.
Заради огромната далечина, на фотографиите им беа потребни нешто повеќе од пет часа да ја поминат оддалеченоста од Земјата од 4,2 милијарди километри.

Плутон официјално го загуби статусот на планета во 2006 година, само неколку месеци по лансирањето на сондата New Horizons, моментално најголем откриен планетоид во Којперовиот појас.

Плутон долго време по откривањето во 1930 година се сметаше дека е многу поголем од она што навистина е, за да се покаже најпрво дека е шест пати помалку масивен и три пати помал од Месечината.

Но, група влијателни астрономи најави нов јуриш на Меѓународната астрономска унија и дефиниција на планетите, со цел да му се врати на Плутон некогашниот статус.

Advertisements
To Top