Силфра – фантастична дестинација за нуркачки аџилак (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Националниот парк Тингвелир е едно од најпопуларните места за нуркање во светот.

Нуркачите најмногу ги привлекува пукнатината Силфра затоа што се наоѓа меѓу две тектонски плочи, меѓу два континента: Америка и Европа. Плочите еднаш годишно се одалечуваат една од друга два сантиметри.

Видливоста во водата на Силфра е повеќе од сто метри, што е голема реткост, ако не и единствена на целата планета. Водата тука е студена, 2 до 4 степени Целзиусови во текот на целата година со оглед на тоа дека станува збор за вода од близина на глечерот Лангјокул.

Со топењето на мразот од глечерите водата поминува низ карпите и дополнително се филтрира низ лавата, а за да дојде до северниот дел на езерото Тингвелир потребни се 30 до 100 години. Ова е една од најчистите води во светот, така што туристите можат слободно да пијат.

Пукнатината се состои од четири дела: Голема пукнатина, Хала, Катедрала и Лагуна. Во водата се симнува по скали, а просечна длабочина изнесува од седум до 12 метри, при што најдлабокиот дел е 18 метри.

Иако овде има многу риба, особено пастрмка, всушност алгите се тие кои под површината создаваат калеидоскоп од бои.

Националниот парк Тингвелир се наоѓа на списокот на Светското наследство на УНЕСКО поради својата културна и историска вредност, како и природните и геолошките единствености.