Актуелно

Сончев и топол понеделник

Сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер

Минималните температури ќе се движат од од 10 до 19 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 28 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Температурата до 37 степени.

To Top