Home Шоубизнис Си го бара со боринче: Одинцова го ризикува живот за една фотка (видео)

Си го бара со боринче: Одинцова го ризикува живот за една фотка (видео)

Една од најсексапилните руски манекенки и новата девојка на Фернандо Алонсо, жешката Викторија Одинцова, ги шокираше своите Инстаграм пријатели со фотки и снимки на кои си ја бара бељата со боринче, играјќи си со животот на еден од облакодерите во Дубаи.

После опасната акробација која ја изведе пред шест дена, 22-годишната убавица од Санкт Петербург не престанува да објавува фотки од адреналинскиот и опасен потфат. „Уште не можам да поверувам дека го направив тоа. Секогаш кога ги гледам сликите и снимките, ми се потат дланките“, напиша таа под последната објава, а обожавателите јасно порачаа што мислат за нејзиниот потфат.

„Ова е ужасен пример за младите; Ова е толку глупаво што немам зборови. Како 11-годишно дете кое по секоја цена сака да привлече внимание; Изгледа Бог ти подарил убавина, ама не и мозок“, се само некои од коментарите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Линдзи Лохан со нов романтичен филм на Нетфликс, повторно соработува со стар познаник!

Линдзи Лохан ќе игра во нов романтичен филм на Нетфликс насловен „Враќање кај тебе“. Таа ќ…