Home Актуелно Швајцарија со стапка на невработеност од само 2,6% – вработени повеќе млади од возрасни

Швајцарија со стапка на невработеност од само 2,6% – вработени повеќе млади од возрасни

Кога станува збор за економија, Швајцарија претставува своевидно чудо на европскиот континент, па и во светски рамки.

Во изминатата 2018 година Швајцарија достигнала рекордно ниска просечната месечна стапка на невработеност во земјата во последните десет години од само 2,6 отсто, во споредба со 3,2 од 2017 година, според податоците на Државниот секретаријат за економски прашања – SECO,

Она што е најинтересно е дека стапката на невработеност кај младите минатата година достигнала 2,4 отсто, што е за 0,7 отсто помалку во однос на претходната година.

Просечната месечна стапка на невработеност на лица постари од 50 години изнесува 2,5 проценти.

Во соопштението SECO констатира дека податоците од 2018 покаживаат дека швајцарската економија и пазарот на труд се „стабилни и во здрава состојба.”

Минатата година, Швајцарија месечно во просек имала по 118.103 невработени, што е за 25.039 помалку во споредба со 2017 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Во Lilly дрогерии попуст до 35% на сите производи за нега на лице

Компанијата Lilly Drogerie го означи почетокот на акцијата со попусти на сите производи за…