Што ќе се открие ако сите океани на Земјата наеднаш пресушат (видео симулација)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Океанските водени површини покриваат најголем дел, или поточно две третини од површината на нашата планета Земјата, вклучувајќи го и нејзиниот најдолг планински венец и древните патеки кои порано ги поминувале луѓето од континент до континент.

Планетарниот научник Џејмс О Донахју, врз основа на видеото од НАСА од 2008 година, покажа како би изгледал светот кога ќе исчезнат океаните и ќе бидат откриени три петтини од површината на Земјата.

О’Донахју работи во Јапонската вселенска агенција (ЈАХА) и претходно бил во НАСА. При обработката на анимацијата, тој додал уште неколку информации, како што е следење на исчезнувањето на водата.

„Го забавив почетниот дел од анимацијата бидејќи има многу подводни сценографии што ќе се појават многу брзо откако ќе ги снема првите десет метри“, изјави О’Донахју за Бизнис Инсајдер.

Ова брзо ќе ги открие континенталните плочи и некои копнени патеки што ги преминувале првите луѓе кога емигрирале од еден на друг континент. Пред десетици илјади години, нашите предци биле во можност да одат од континентална Европа до Велика Британија, од Сибир до Алјаска и од Австралија до околните острови.

„Кога дојде последното ледено доба, голем дел од водата на океанот се замрзна и како резултат беа формирани овие копнени правци, кои сега се покриени со море“, рече О’Донахју.

На анимацијата може да се види и најдолгиот планински венец на Земјата, што ќе се појави пред нашите очи кога нивото на морето ќе се спушти за 2.000 до 3.000 метри. Тоа е ланец што се протега на околу 60,000 километри низ целиот свет, со над 90% од нејзината површина што е сега под вода.