Home Шоубизнис Што ги поврзуваше Сузана Манчиќ и „Принцот на белградскиот асфалт“ Кнеле?

Што ги поврзуваше Сузана Манчиќ и „Принцот на белградскиот асфалт“ Кнеле?

Кога ќе се спомене името на убиениот белградски деликвент и жесток играч од белградскиот асфалт и српското мафијашко подземје, Александар Кнежевиќ Кнеле, веднаш на ум паѓаат бестрашност, бескомпромисност и безмилосност.

Кнеле беше предводник на таканаречената белградска „дизел генерацијата“, честопати нарекуван „Принц на белградскиот асфалт“. Во зенитот на неговата моќ, доминација и криминална активност во Белград, Кнеле наводно имале една опсесија која не му припаѓала нему, туку на тогашната лото девојка и пејачка Сузана Манчиќ.

Станува збор автомобилот „Порше“ кој тогаш го поседувала Манчиќ. Со години се шпекулирало дали на крајот го украл од лото девојката, а неговата голема љубов конечно ја открива вистината по повеќе од 20 години.

Како што се зборуваше, првиот сопственик на автомобилот бил Влада Ковачевиќ Треф, а следна сопственичка била лото девојката Сузана Манчиќ. Оддамна кружеле прикани низ Блград дека Кнеле го обожава тој автомобил и само било прашање на ден кога ќе се реши да и го земе на презентерката.

Сепак, неговата поранешна девојка и најголемаљубов конечно го негираше тоа.

„Не е точно дека Кнеле го украде автомобилот на Сузана! Јас бев со него кога го купи од нејзиниот маж, на „Бубањ Поток“, објаснува таа на Фејсбук страницата „Легендите на деведесеттите“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Црниот кожен мантил не излегува од мода: Класика што ѝ дава печат на секоја есенска комбинација

Трендовите се менуваат, но кожениот мантил останува меѓу омилените парчиња облека. Елегант…