Штета: „Руското чудо од дете“ падна на допинг тест


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најголемата сензација на актуелните Зимски олимписки игри во Пекинг, 15-годишната спектакуларна руска лизгачка Камила Валиева падна на допинг тест.

Како најмлад член на руската олимписка делегација, Камила Валиева го импресионираше светот уште на својот прв настап во Пекинг кога го направи првиот четирискок во историјата на едни Олимписки игри и во два наврати.

Но успехот и паѓа во вода откако допинг тестот и излегол позитивен. ЕСПН пишува дека користела лек за срце, кој е на листата на недозволени супстанци.

Лекот се вика триметаздин, кој спаѓа во категоријата „модулатори на хормони и метаболизам“ кој Светската допинг агенција не го дозволува.

Тоа е всушност лек кој се користи во за лекување на ангина пекторис и намалување на симптомите на вртоглавица, но ја зголемува и ефикасноста на протокот на крв и ја подобрува издржливоста, па затоа е и забранет.

Ваква супстанца користел и кинескиот пливач Сун Јанг, инаку олимписки првак кој во 2014-та се соочи со тримесечна суспензија.

Што се однесува до Камила, засега не е јасно дали поднела барање за изземање или има историја на срцеви заболувања, поради што го користела лекот.

Меѓународниот олимписки комитет и Меѓународната агенција за тестирање се уште се немаат огласено за овој скандал.