Home Спорт Шпанските власти бараат од Роналдо 28 милиони до 15-ти јуни

Шпанските власти бараат од Роналдо 28 милиони до 15-ти јуни

Познато е дека ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо има проблем со шпанските доночни власти и дека е под обвинение за затајување данок.

Денес весникот „АС“ откри дека и втората понуда на Роналдо за споразум со шпанските власти била одбиена.

Имено, пред неколку недели Португалецот предложи да плати 14 милиони евра за да избегне затвор. Меѓутоа даночните власти продолжуваат да бараат од фудбалерот 28 милиони евра.

14,7 милиони евра е сумата која Роналдо ја затаил но со дополнителни камати и казни сумата достигнува до 28 милиони евра.

Роналдо споменатата сума треба да ја плати до 15-ти јуни или точно за време на Светското првенство ќе биде изведен пред шпанскиот суд.

Можеби ова е еден од клучните проблеми што Португалецот најави заминување од Реал Мадрид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…