Home Шоубизнис Фаталната секс бомба Бригит Нилсен бремена на 54 години

Фаталната секс бомба Бригит Нилсен бремена на 54 години

Данската манекенка и актерка, освен по модната и актерска кариера, позната и по бракот со Силвестер Сталоне, фаталната Бригит Нилсен објави дека повторно е бремена. Данската славна убавица ќе раѓа на 54-годишна возраст, соопшти „Билд“.

Нилсен сподели фотографии во Instagram, на кои се гледа нејзиниот стомак. „Моето семејство расте“, пишува таа.

Бригит ја започна својата кариера како модел за Армани, Версаче и Фере. Таа има стекнато популарност кога Сталоне ја почести со улога во „Роки IV“ во 1985 година. На крајот на истата година двајцата се венчаа, но нивниот брак издржа само 2 години.

Сепак Бригит ги задржа позитивните чувства кон Сталоне и го заштити при обвинувањата дека сексуално нападнал 16-годишно девојче за време на снимањето на филмот „На врвот“ во 1986 година.

Таа има вкупно четири синови од петте брака. Нејзиниот последен сопруг е Матија Деси, 15 години помлад од неа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ќе продолжи ли „Даунтон Аби“ по „Големото финале“? Џулијан Фелоуз не ја исклучува можноста

Повеќе од една година по премиерата на „Даунтон Аби: Големото финале“, авторот Џулијан Фел…