Home Спорт Шокантна одлука на Мурињо: Погба на клупа против Севиља

Шокантна одлука на Мурињо: Погба на клупа против Севиља

Во последно време медиумите често шпекулираат дека постои нетрпеливост помеѓу Погба и Жозе Мурињо, а после денешниот потег на Португалецот тие сигурно ќе се засилат.

Имено, англиските медиуми пренесуваат дека Погба ќе остане на клупата за резерви на вечерашниот меч против Севиља во Лигата на шампиони.

На негово место во стартниот состав ќе се најде младиот Скот МекТомини, кој во последно време се почесто добива шанса од Мурињо.

„Специјалниот“ во неколку наврати јавно ја критикуваше играта на Погба, но изоставањето во вака важен натпревар, само ги подгрева шпекулациите дека постои конфликт помеѓу нив двајцата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…