Home Спорт Мурињо го сака „новиот Модриќ“: Ѕвездата на Динамо се сели на „Олд Трафорд“

Мурињо го сака „новиот Модриќ“: Ѕвездата на Динамо се сели на „Олд Трафорд“

Динамо Загреб наскоро би можел повторно добро да заработи, со оглед на фактот што за нивниот „бисер“ е силно заинтересиран Манчестер Јунајтед.

Имено, англиските медиуми тврдат дека Мурињо е силно заинтересиран за младиот играч за врска на Динамо, Никола Моро.

19-годишниот Моро го привлече вниманието на многу европски гиганти со своите партии за Динамо Загреб. Медиумите тврдат дека хрватскиот клуб веќе одбил понуда на Шахтјор Донецк од 12,5 милиони евра.

Моро оваа сезона запиша 36 настапи за Динамо Загреб, а во татковината веќе го нарекуваат „новиот Модриќ“.

Англиските медиуми пренесуваат дека за неговата слобода хрватскиот клуб ќе бара 20 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…