Шокантна и алармантна состојба: 30 тона ѓубре „испливаа“ на Монтесинос (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Видеото кое на Фејсбук го сподели невладината организација „Parley fot the Ocenas” прикажува како 30 тони ѓубре испливаа на плажата Монтесинос во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго.

По објавувањето на снимката и лавината од реакции на револтирани корисници на Фејсбук, се одржа и акција за чистење во која учествувале над 500 граѓани.

„Ова е шокантно, но она што е уште пострашно е дека ова не е новост во Санто Доминго“, изјави активистката Кармен Данае Чаморо. Оваа глетка, вели таа, ја има после секој посилен дожд.