ШОК: Милан може да биде исфрлен од европските натпреварувања!?


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан може да биде исклучен од европските натпреварувања поради нарушување на Финансискиот фер-плеј, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Минатата недела раководството на Милан имаше состанок со челниците на УЕФА каде го презентираше својот бизнис план и финансиите. Меѓутоа, според изворите кои ги има „Марка“, генералниот директор на „росонерите“ Марко Фасоне не ја обедил УЕФА.

Милан ова лето потроши 230 милиони евра на засилувања, а Европската куќа на фудбалот не е убедена дека клубот преку приходи може да ги врати тие средства, особено поради фактот што „росонерите“ во моментов се далеку од основната цел, пласман во Лигата на шампиони.

Поради тоа Милан може да биде финансиски казнет или исфрлен од европските натпреварувања на одредено време, една или две години.

Сето ова се уште е на база на шпекулации и нема никаква потврда ниту од УЕФА, ниту од страна на клубот.