Home Шоубизнис Шарапова доби брачна понуда во Истанбул, а нејзиниот одговор беше…

Шарапова доби брачна понуда во Истанбул, а нејзиниот одговор беше…

Руската тенисерка Марија Шарапова доби брачна понуда на ревијалниот меч кој го играше во Истанбул. Таа моментално е на турнеја во рамки на подготовките за наредната тениска сезона, а во Истанбул играше против Чагла Бујукакчај.

Во моментите кога Марија се спремаше за сервис, еден навивач довикна: „Марија, дали ќе се омажиш за мене?“, со што ги насмеја присутните на трибините и теренот. Шарапова не чекаше ниту миг за да му одговори, дофрлајќи: „Можеби!“

Шарапова мечот го доби со 7-6. Но, иако Бујукакчај е 161 на ВТА ранг листата, покажа жесток отпор против фаворитката.

Марија се врати на терените после 15-месечна суспензија поради уптреба на забранет лек од допинг комисијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Глеб Савченко за односот со Алан Берстен по критиките: „Немам ништо лично против него“

Глеб Савченко вели дека нема лоши чувства кон колегата Алан Берстен, но останува на критик…