Шамарот од Смит му ја распродаде турнејата на Крис Рок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Влезниците за турнејата на комичарот Крис Рок станаа исклучително барани откако на овогодишната оскаровска вечер актерот Вил Смит му удри шлаканица на сцена заради неговата шега на сметка на сопругата од Вил, Џада Пинкет Смит.

Потегот на Вил Смит ја подели публиката. Дел од гледачите решија да купат билети за турнејата на Рок со комедијата наречена „Ego Death World Tour“, со која ќе настапи во 50 градови низ САД.

Компанијата за продажба на билети „ТикПик“ на Твитер објави дека продажбата на билети за ноќите на комедија со Крис Рок нагло скокнала, а цената е корегирана поради големата побарувачка. Цената на резервацијата на маса во Бостонскиот театар се зголеми од 338 долари на 450 долари. Сите билети се распродадоа брзо.

Инцидентот кој се случи на Оскарите е во центарот на вниманието на целиот свет, а видеата од шлаканицата собраа милиони прегледи на социјалните мрежи.

Актерот Вил Смит јавно и се извини на Академијата додека го добиваше Оскарот за улогата во филмот Кралот Ричард.