Градоначалникот на Мариупол алармира: Градот е на раб на хуманитарна катастрофа – 160.000 цивили се заробени без струја


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пристанишниот украински град Мариупол е на работ на хуманитарна катастрофа и мора да биде целосно евакуиран, изјави градоначалникот Вадим Бојченко, пренесува Ројтерс.

Градоначалникот на Мариупол истакна дека околу 160.000 цивили се заробени во градот без струја.

„Истовремено 26 автобуси чекаа да ги евакуираат цивилите, но руските сили не се согласија да им дозволат безбедно поминување“, рече Бојченко.

Тој додаде дека Русија „си игра со нив“.

„Русија негира дека гаѓа цивили и ја обвинува Украина за постојаните неуспеси во договорот за безбедни коридори за заробените цивили“, заклучи Бојченко.