СЕЗОНАТА ПОЧНА: Ова е овошјето кое му прави здравствен бум на нашиот организам во позитивна смисла…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова овошје допринесува за спречување на сериозни заболувања како што се дијабетес и кардиоваскулаени болести, но исто така влијае и на изгледот на кожата, ноктите и забите.

На почетокот на јуни почнува сезоната на вкусните, домашни јагоди. На многумина им е омилено, ова овошје кое котира високо на листата најздрави намирници и можеме да го јадеме свежно само во оваа доба на годината

Освен што се вкусни и мирисни, позитивното влијание на јагодите на организмот е на високо ниво.

Го забавува стареењето

Витаминот Ц кој се наоѓа во јагодите е неопходен за производство на колагенот, кој на кожата и дава еластичност и ја забавува појавата на борите. Елагичната киселина од ова овошје спречува уништување на колагенот и појавата на воспаление на кожата, на тој начин чувајќи ја свежината на лицето.

Го засилуваат имунитетот

Јагодите се вбројуваат меѓу петте овошја со најбогати антиоксиданси. Содржат поголем број витамини од портокалите и лимонот, но и одредена количина на омега 3 масни киселини.

Го регулираат шеќерот

Имаат и седативно дејство, а истражувањата покажуваат дека го намалуваат нивото на маркерот Ц реактивен протеин. Влакната во јагодите можат да спречат настанување на дијабетес од типот 2, бидејќи ја успоруваат апсорбацијата на глукозата во крвта.

Поттикнуваат слабеење

Во 100 грама јагоди се наоѓаат само 33 калории и дури 58 мг. витамин Ц, што е 98% од дневните потреби. Преполни со влакна, а спој на нитрати го поттикнуваат протокот на крв и кислород во телото, што ќе го забрзаат метаболизмот и ќе помогнат во слабеењето.

Штитат од зрачење

Резултатите од истражувањето покажуваат дека екстрактот од јагодите може да допринесе и да заштити од ултравиолетовото зрачење, и да ја зголемат отпорноста на кожата

Ги избелуваат забите

Свежите јагоди штитат од непосакувана обоеност на забите, едноставно, со џвакање неколку минути. Благодарение на своите состојки, ги прават забите побели и ги чистат трагите на забите.

Ја засилуваат меморијата

Истражувањата покажуваат дека антоцијанинот, кој се наоѓа во ова овошје, ја засилува краткорочната меморија и го подобрува паметењето, доколку се внесуваат неколку недели.