Home Шоубизнис Сето лично богатство Џоли ќе му го препише на само едно од своите деца?

Сето лично богатство Џоли ќе му го препише на само едно од своите деца?

Според информациите кои ги пренесуваат американските шоубизнис медиуми, славната холивудска актерка и режисерка Анџелина Џоли одлучила целото свое богатство да го остави на нејзиниот „златен син“, посвоениот Медокс (17), кој најмногу ја поддржал за време на разводот од Бред Пит.

Уште додека била во брак со Били Боб Тортон, Џоли ја посетила азиската држава Камбоџа, каде што во едно од бројните прифатилишта во кои биле сместени деца без родители, забележала едно преслатко момче кое кратко време после тоа одлучила да го посвои.

Иако сè уште млад, Анџелина го смета како зрела и одговорна личност поради што одлучила своето богаство во вредност од околу 116 милиони долари да му го остави само нему.

Во тестаментот нема да ги вклучи нејзините три биолошки деца кои ги добила во бракот со Бред Пит.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Милена Поповиќ и Игор Јуриќ открија нешто за што долго молчеа – лекот бил пред нивните очи

Врската на Милена Поповиќ и Игор Јуриќ е сериозна од првиот ден Врската на Милена Поповиќ …