Сестринско финале во Австралија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сестрите Вилијамс, Венус и Серена, ќе се борат за титулата на првиот Грен слем во сезоната, Австралија Опен, откако полуфиналето Венус по голема борба ја победи сонародничката Коко Вандевеј, додека Серена експресно славеше над уште една ветеранка, Мирјана Лучиќ-Барони.

Венус Вилијамс, седумкратна освојувачка на Грен слем турнирите, се пласира во своето второ финале на Австралија Опен, прво по пауза од 14 години. Американката последен пат се бореше за титулата на некој од Грен слем турнирите во 2009 година.

Постарата Вилијамс, по голема борба и речиси два и пол часа игра, успеа да слави над десет години помладата сонародничка Коко Вандевеј.

За разлика од Венус, Серена експресно ја мина Мирјана Лучиќ-Барони. Полуфиналето помеѓу овие две тенисерки траеше 52 минути, а Серена славеше 6:2, 6:1. Серена против Венус ќе се бори за својата 23-та грен слем титула.