Home Спорт Сензација на УС Опен: Тиафо го елиминираше Надал (снимка)

Сензација на УС Опен: Тиафо го елиминираше Надал (снимка)

Американскиот тенисер Франсес Тиафо приреди вистинска сензација на УС Опен откако со 3-1 (6-4, 4-6, 6-4, 6-3) во сетови го победи Рафаел Надал и го елиминираше од турнирот.

По Медведев кој беше прв носител, грен-слем турнирот на УС Опен го заврши и вториот носител, Рафаел Надал.

Тиафо тргна одлично во мечот и го доби првиот сет со 6-4, вториот го доби Надал со ист резултат и изедначи на 1-1 во сетови.

Следните два му припаднаа на Американецот, ги доби со 6-4 и 6-3, по што почна радоста на за него историската победа над Надал.

Франсес Тиафо стана најмладиот Американец кој стигнал до четвртфинале на УС Опен од 2004 година кога тоа го направи Енди Родик.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…