Сексот по расправија помеѓу партнерите го има ефектот на КОКАИН!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познато е дека сексот со партнерот по расправијата е одличен. Сепак, она што дополнително е одлично е што докторите тврдат дека смирувањето на партнерите во креветот има идентичен ефект како и кокаинот. Клиничкиот психолог, Сит Мејерс верува дека паровите кои најчесто се смируваат преку сексо, се расправаат многу почесто.

„Сексот по кавгата ја засилува емоционалната драма. Размислете, ако по кавгата имате неверојатен секс, зарем не е логично повторно да сакате да се скарате бидејќи наградата е и повеќе од одлична“, истакна Мајерс.

Има и многуу кои веруваат дека сексот е здрав начин да се исфрлат негативните емоции и партнерите повторно да доживеат блискост. Но, докторката објаснува зошто тоа не е така всушност.

„Паровите по кавга одвај чекаат да почнат со галење и нежности, бидејќи тоа е спротивно од гневот и нервозата при недоразбирањата. Искрено кажано, тоа воопшто не се разликува од луѓето кои конзумираат дрога и на кои им е потреба нова црта кокаин“, вели Мајерс.

Повеќето сексолози не се сложуваат со овој став, затоа што тврдат дека сексот за смирување е најнормална појава и дека ја зголемува блискоста на партнерите. Мајерс од друга страна тврди дека вистинската интимност доаѓа преку разбирање и дека би било попаметно паровите да ги расчистат проблемите пред да ја соблечат облеката.