Home Спорт ОФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид го избра новиот тренер!

ОФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид го избра новиот тренер!

Шпекулациите за нов тренер на Реал Мадрид завршија – Јулијан Лопатеги е наследник на Зинедин Зидан на „кралското“ столче.

После заминувањето на Зинедин Зидан медиумите лецитираа со многу имиња, а денес на големо изненадување Реал Мадрид потврди дека Јулијан Лопатеги ќе биде нов тренер.

Актуелниот селектор на шпанската репрезентација по завршувањето на Мундијалот ќе го преземе кормилото на „кралскиот“ клуб.

51-годишниот Лопатеги во играчката кариера беше голман на Реал Мадрид и добро го познава „кралскиот“ клуб бидејќи го водеше Реал Мадрид Б, а потоа Порто и сега е селектор на „црвената фурија“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…