Home Шоубизнис Секси водителката е новото засилување на Ивица Дачиќ

Секси водителката е новото засилување на Ивица Дачиќ

Јована Јеремиќ, водителка на српското реално шоу „Парови“, е новиот член на Одборот за надворешна политика, меѓународни односи и регионална соработка на Социјалистичката партија на Србија.

Како што открива самата Јеремиќ за „Блиц“, таа ќе ја анализира работата на српското министерство за надворешни работи, на чие чело е шефот на партијата Ивица Дачиќ, како и односите на Србија со другите држави.

Јелена тврди дека политиката, после телевизијата, е нејзината втора љубов, а дека е член на СПС веќе две години.

Јеремиќ, инаку, е дипломиран правник. „Жал ми е што не се активирав порано во политиката, бидејќи многу ја сакам. Но, ми беше тешко. Истовремено работев и на телевизија и учев по 10-12 часа. Ништо не ми падна од небо“, вели водителката.

Тврди дека досега нема разговарано со Дачиќ за надворешната политика.

„Има човекот попаметна работа, се бори за државата“, вели за крај таа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ен Хатавеј открива зошто докторот и забранил да учествува во ‘Hot Ones’

Ен Хатавеј моментално е во средината на промотивна кампања за нејзиниот петти филм оваа го…