Home Вебкафе Седум дена ќе помине затворен во издлабена карпа – дознајте ја причината за тоа

Седум дена ќе помине затворен во издлабена карпа – дознајте ја причината за тоа

Францускиот уметник Абрахам Поинкевал вчера се затвори во издлабена карпа тешка 12 тони, која се наоѓа во париската галерија Palais de Tokyo и таму ќе помине една недела.

Својот перформанс Абрахам го нарече „Проект за живот во камен“, а објасни дека поентата е старее каменот во внатрешноста од карпата.

Карпата се состои од две споени половини од еден голем камен. На нив се наоѓаат дупчиња за проток на воздух, како и место за залихи на вода, супа и сушено овошје. Таму се сместени и камери кои ќе го следат Абрахам цело време додека е во карпата, а преку жици ќе биде надгледувана работата на неговото срце.

Поинкевал, кој после овој перформанс планира да помине три до четири недели седејќи врз јајца, истакнува дека предизвикот е многу поголем од ментална, отколку од физичка гледна точка. Тој претходно две недели помина во внатрешноста на скулптура од препарирана мечка, во подземна дупка во една книжара и пловеше во големо пластично шише.

За новинарите изјави дека крајна амбиција му е „шетање по облаците“, на која работи пет години, но дека за неа уште не е спремен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Нова серија за Селин Дион открива како започна глобалната икона

Животот на една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња, Селин Дион, наскоро добива …