Home Спорт Алегри и Бонучи се степале во соблекувална- тренерот се заканил со оставка!

Алегри и Бонучи се степале во соблекувална- тренерот се заканил со оставка!

Италијанските медиуми денес откриваат нови детали од „случајот Бонучи“ кој само потврдуваат дека расправијата помеѓу дефанзивецот и тренерот Алегри воопшто не била наивна.

За време на дуелот со Палермо меѓу тренерот и дефанзивецот дојде до конфликт, кој додатно ескалирал во соблекувалната после мечот.

„Газета Дело Спорт“ тврди дека малку недостасувало да дојде до физичка пресметка меѓу тренерот и стоперот или поточно морале да реагираат играчите и да ги разделат. Истата вечер Алегри му се јавил на генералниот директор Бепе Марота и побарал играчот да биде казнет и воедно се заканил дека ќе си замине ако тоа на се случи.

Поради тоа раководството се согласило парично да го казни Бонучи и застана позади одлуката на тренерот дефанзивецот да биде одстранет од тимот за мечот со Порто.

Денес Алегри пред медиумите изјави дека „случајот Бонучи“ е затворен и дека играчот е вратен во тимот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…