Се префрли на руско: Заводникот Григор Димитров во врска со ќерка на руски милијардер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бугарскиот тенисер Григор Димитров важи за еден од најголемите заводници меѓу тениските ѕвезди. Освен по играта на тениските терени, светот го запозна и по врските со едни од најатрактивните и најпопуларни жени на денешницата – Марија Шарапова и Никол Шерцингер.

По врските со светски познатите тенисерките Марија Шарапова и Серена Вилијамс, пејачката Никол Шерцингтер, Димитров сега е во врска со ќерка на руски милијардер.

Еден од најдобрите светски тенисери сега е во врска со 25 годишната убавица Лолита Османова. Убавата Лолита е ќерка на рускиот милијардер Елдар Османов.

Руската убавица досега била во брак со Гаспар Авдољан, а на нивната супер луксузна и скапа венчавка пеела светската музичка ѕвезда Леjди Гага.

За спектакуларната свадба на својата ќерка Лолита, рускиот олигарх потрошил 25 милиони долари, само фустанот венчаница чинел еден милион долари.