Се огласи и Колина: Еве што кажа за „спорниот“ пенал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина, кој моментално е претседател на Судиската комисија на УЕФА, даде свој коментар за пеналот кој му беше досуден на Реал Мадрид против Јувентус во ЛШ.

„Спорен“ беше контактот помеѓу Бенатиа и Васкез во 93-та минута, кој судијата Оливер го оквалификува како пенал, што предизвика многу реакции.

„Ја гледав ситуацијата од различни агли и можам да кажам дека беше чист пенал. Можеби на прво гледање на изгледаше толку убедливо, но не може да се негира дека тоа беше пенал за Реал Мадрид“, изјави Колина.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели после мечот го нападна Колина и изјави дека треба да биде сменет од претседател на Судиската комисија на УЕФА.