Познати кандидатите за фудбалер на годината во Премиер лигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Здружението на професионални фудбалери во Англија, ги објави имињата на претендентите за освојувањето на наградата за играч на годината.

Меѓу номинираните најмногу фудбалери доаѓаат од Манчестер Сити, дури тројца. По еден фудбалер доаѓа од Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем.

Секако, најголеми фаворити за наградата се Кевин де Брујн од Сити и најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах.

Ова се кандидатите:
Кевин де Брујн (Манчестер Сити)
Давид Силва (Манчестер Сити)
Лeрој Сане (Манчестер Сити)
Мохамед Салах (Ливерпул)
Хари Кејн (Тотенхем)
Давид де Геа (Манчестер Јунајтед).