Се „одјави“ култниот Џејмс Бонд – замина британската актерска легенда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славниот британски актер Роџер Мур, најпознат по улогата на ликот на Џејмс Бонд од децениската филмска франшиза за познатиот таен агент, почина на 89 години во Швајцарија, објави неговото семејство.

Неговите деца објавија дека актерот починал после кратка, но храбра борба со ракот.

Мур славниот филмски лик на тајниот агент Џејмс Бонд го играше во седум филмови, вклучително и Live And Let Die и The Spy Who Loved Me. Прв пат го играше ликот на Бонд во 1973 година, а во период од 12 години сними уште шест филма од познатата франшиза, факт што го прави актер кој најдолго го играл Џејмс Бонд.

„Нема ништо негативно во тоа што вечно ќе бидам познат како Бонд. Луѓето често ме викаат господине Бонд и тоа воопшто не ми пречи“, изјави Мур порано за The Guardian.

Неговите први филмови не беа посебно популарни, а вкусот на славата го почувствува кога се појави на малите екрани. Неговите ТВ почетоци ги одбележа романтичната авантура Ivanhoe и вестернот Maverick. Патот кон Холивуд му го отвори серијата The Saint, а познат е и по улогата во серијата The Persuaders.

Роџер Мур доста време посвети на хуманитарната дејност, а во 1991 година стана амбасадор на добрата волја за УНИЦЕФ.

Роден е во Лондон, 1927 година. Во раните ’50-ти години работел како модел, после што потпиша седумгодишен договор со филмското студио MGM.

„Кога почнав да се занимавам со глума, ми рекоа дека за успех се потребни карактер, талент и среќа. Јас имав 99% среќа. Не е важно што си талентиран, ако не си на вистинското место во вистинското време“, изјави Мур во 2014 година.