Home Актуелно Глоба од 5,8 милиони евра за Скопска и 2,7 милиони за Прилепска пиварница

Глоба од 5,8 милиони евра за Скопска и 2,7 милиони за Прилепска пиварница

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) им изрече глоба од 5,8 милиони евра на Скопска и од 2,7 милиони евра на Прилепска пиварница зошто ги ограничувале дистрибутерите во одредувањето на продажната цена.

Како што соопшти КЗК, одлуките за паричните казни на двете компании се донесени вчера, на седница на Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Пивара Скопје АД, од 17 декември 2012 година склучувала договори за продажба и дистрибуција на нејзините производи со независните дистрибутери, во кои се содржеле одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена, односно му наметнувала по која цена да ги продава производите на крајните купувачи.

Прилепска пиварница АД Прилеп, пак, од 13 ноември 2010 година склучувала договори за деловна соработка со овластените дистрибутери, во кои се содржеле обврски за неконкурирање со неограничено времетраење, но и одредби со кои ја ограничувала способноста на дистрибутерот да одреди своја продажна цена.

Ова значи дека дистрибутерот не може самостојно да си ја одреди цената по која ќе ги препродава производите на пазарот, што во услови на пазарна економија значи ограничување на конкуренцијата. Ваквите одредби кои се однесуваат на одржување препродажни цени претставуваат ограничувања кои не смеат да бидат содржани во вертикалните договори (договори меѓу производителот и дистрибутерот) и имаат за цел нарушување на конкуренцијата согласно Законот за заштита на конкуренцијата и согласно Уредбата за групно изземање на одредени видови вертикални договори, стои во соопштението на КЗК.

Глобите во денарска противвредност изнесуваат 357.992.515,00 денари за Скопска и 166.778.900,00 денари за Прилепска пивара.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно

Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…