Home Шоубизнис Колин Фирт побара италијанско државјанство: „Брегзит е катастрофа од невидени размери“

Колин Фирт побара италијанско државјанство: „Брегзит е катастрофа од невидени размери“

Еден од најпознатите и најуспешни британски актери на денешницата, Колин Фирт, ја шокираше својата нација со неговата одлука за барање на италијанско државјанство.

Актерот, кој стана миленик на женскиот дел од публиката откако ја одигра улогата на г-дин Дарси во екранизацијата на славниот роман на Џејн Остин, „Гордост и предрасуда“, често беше нарекуван „совршениот Британец“.

„За мене Брегзит е катастрофа од неверојатни размери. Не постои ниту една позитивна работа околу тоа. Јас сум ентузијастичен Европјанин и не можам да верувам дека се случува ова“, изјави во една прилика Фирт за австралиските медиуми, па се претпоставува дека барањето италијанско државјанство е последица на излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.

Фирт веќе дваесет години е во брак со италијанската продуцентка Ливија Џиуџиоли, со која има два сина, 16-годишниот Лука и 13-годишниот Матео, па италијанскиот јазик го говори совршено.

Неговиот претставник за медиумите ја потврди оваа информација.

„Колин поднесе барање за двојно државјанство (италијанско и британско) за да има ист пасош како и неговата сопруга и децата“, изјави портпаролот, но одби да се изјасни дали тој негов потег е поради Брегзит.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …