Сампаоли незадоволен: Заслуживме повеќе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Севиља, Хорхе Сампаоли по победата над Лестер со 2:1 истакна дека не е задоволен од резултатот и дека неговиот тим требало да оствари поубедлива победа.

„Бевме многу подобри од противникот и направивме 10 чисти гол шанси. Заслуживме подобар резултат“, истакна Сампаоли.

На „Роман Санчез Писхуан“ домаќините имаа сериозна предност, пропуштија и пенал во првото полувреме, но „лисиците“ ја искористија својата шанса и забележаа вреден гол на гостински терен преку Џејми Варди.

„Тие направија многу малку, но на крајот ја постигнаа својата цел. Мислам дека заслуживме повеќе. Имавме многу шанси против тим кој се брани длабоко што не е лесно. Погодивме и две греди. Жално е што имаме толку мала предност по таква сериозна предност на теренот. Сега треба да одиме во Лестер и да бараме победата“, заклучи аргентинскиот стратег.