Home Шоубизнис Сама официјално си призна: Наоми Кемпбел во врска со славниот рапер

Сама официјално си призна: Наоми Кемпбел во врска со славниот рапер

Планетарно популарната манекенка која припаѓа на генерацијата неприкосновени и бескомпромисно доминантни убавици кои оставија траен белег на модната сцена, Наоми Кемпбел, официјално потврди дека е во врска со раперот Скепта.

Двајцата решија врската да ја објават со сензуална фотографија на насловната страница на денешното издание на списанието GQ.

47-годишната Наоми им навести на нејзините обожаватели дека наскоро ќе објави дека е во врска со некого, откако објави дел од насловната страница на својот Инстаграм профил, со голем прашалник.

Манекенката беше во врска со басистот на групата У2 Адам Клејтон, како и со Флавио Бријаторе од Формула 1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …