Салма Хајек: „Бев гола со друга жена во љубовна сцена оти ТОЈ сакаше така“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Во интервју за „Гардијан“, познатата актерка Салма Хајек истакнала дека по разговорот со Харви Вајнстин често се тресела и била депресивна бидејќи во телефонските повици го навредувал нејзиниот изгледот кој бил клучен за улогата на Фрида која Салма ја толкуваше во биографскиот филм посветен на фамозната уметница.

Таа додаде дека се справувала со стресот така што донекаде го нормализирала неговото однесување.

„Се чувствував добро кога ме малтретираше. Добро, после ќе се тресев и ќе ме депримираше. Не те најмувам за да изгледаш грдо!, ми викаше. Се прашувам дали некогаш погледнал слика на Фрида Кало? “изјави Салма за Гардијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Таа истакнала дека нејзината цел не е никого да засрами, туку дека сака да престане сексуалното и психичкото вознемирување врз актерките.

Салма претходно зборувала за психичкото малтретирање од страна на Вајнстин и истакнала дека не знаела како да му се спротивстави.

Во една статија од 2017 година објавена во Њујорк Тајмс, Салма истакнала дека Вајнстин и се заканил дека нема да го доврши биографскиот филм „Фрида“ доколку Салма одбие да сними секс сцена со друга актерка.

„Ми кажа дека единственото нешто што го имам е мојот сексапил и дека не е видлив во овој филм. Потоа рече дека ќе го укине филмот, затоа што никој не сака да ме гледа во кое било друго издание“.

Откако Салма се согласила да ја сними сцената, однесувањето на Вајнстин не се подобрило, изјави актерката. Таа во текстот се осврнала и на самата сцена која ја потресла.

„Тоа беше прв и последен пат во мојата кариера кога имав нервен слом – телото почна неконтролирано да ми се тресе, здивот ми беше краток и почнав многу да плачам, не можев да престанам. Не затоа што бев гола со друга жена. Тоа беше затоа што бев гола со неа поради Харви Вајнстин . Но, тогаш не можев да го кажам тоа“, рече актерката од 2017 година.

Во интервју за „Гардијан“ таа додаде дека мисли дека причината поради која продуцентот никогаш сексуално не ја вознемирувал е тоа што имала пријатели како Џорџ Клуни, Роберт Родригез и Квентин Тарантино кои биле на високи позиции, но верува и дека дел од „заслугата “ ја има самата.

„Бев многу силна. Не кажав само “не”. Никогаш не ме виде слаба. Не дека не се плашев, едноставно не го покажував тоа. Можам да бидам речиси застрашувачка кога сум мирна, знаете?” изјавила Салма за Гардијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Да потсетиме, судот во Лос Анџелес поднесе обвинение против Вајнстин за сексуален напад врз пет жени во периодот од 2004 до 2013 година. Меѓу другото, тој е обвинет за силување, сексуална пенетрација со употреба на сила. Тој пред судот изјавил дека не се чувствува виновен.