Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актерката Селма Хајек се приклучи на групата холивудски актерки кои се нафрлија со обвинувања за сексуално вознемирување и сексуални напади на продуцентот Хари Вајнстин, нарекувајќи го „чудовиште“ во статијата објавена во New York Times, пренесува Ројтерс.
„Со години тој беше моето чудовиште“ напиша мексиканско-американската актерка во колумната објавена во споменатиот весник, во која ги опишува конкретните примери на сексуални вознемирувања, закани и „мобинг“.
Во емотивната колумна, 51-годишната Хајек детално ги опиша своите искуства со Вајнстин за време на снимањето на филмот Frida во 2002, меѓу другото тврдејќи дека и’ се заканувал со смрт на Селма кога го одбила неговото додворување.
Хајек во текстот истакнува дека била среќна што имала шанса да работи со Вајнстин и Miramax, кој тогаш бил во негова сопственост, бидејќи тие биле „синоним за квалитет, софистицираност и преземање ризици на филм“.
Но, се нашла соочена со Вајнстин и неговите сексуални предлози и барања. „Не! – на барањето да ми дозволи орално да ме задоволува“, напиша Хајек како еден од примерите. „А со секое одбивање, стигнуваше макијавелистичкиот бес на Харви“.
„Распонот на неговите тактики на убедување се движеше од слаткоречивост до тоа, во една прилика, да настапи со бес и закани: Ќе те убијам, немој да мислиш дека не го можам тоа“, тврди Хајек.
Портпаролката на Вајнстин, Холи Беирд, во средата не можеше да ги коментира тие тврдења.
Портпаролката на Хајек, Саманта Хил, одби дополнително да ги коментира нејзините зборови, тврдејќи во порака испратена до Ројтерс преку е-меил дека: „текстот кој го напишала Селма е сè што засега таа има да каже за тоа“.
Хајек во текстот истакна дека на одлуката јавно да го сподели своето искуство со Вајнстин ја инспирирале сите други жени кои веќе го направија тоа.