Владата без Алијанса за Албанците?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Самка Ибраимовски ја напушти министерската позиција, а тоа предупредува за големи промени во владата.

Според информациите на МИА, ќе бидат направени и други промени во владиниот состав освен пополнувањето на испразнетите места. Во Владата најверојатно повеќе нема да учествува Алијансата за Албанците, а министерското место за здравство ќе го земе СДСМ.

Изборот на новите членови на Владата се очекува следната седмица.

Не можам конкретно се да кажам, но ќе има еве конкретно на моето место, не е потполнето местото министер без ресор, за здравство… Ќе има доста новини и турбуленции во местата. Очекувам дека ќе има постабилна влада, дека ќе продолжат реформите, како што сме започнале, тука не застануваме и сметам дека ќе има квалитетни министри и од едната и од другата страна. Ќе покаже времето како ќе се движат работите. Но верувам во премиерот и во Владата дека ќе има просперитет и иднина во Република Македонија, изјави Ибраимовски за МИА.

За тоа зошто се решил министерската функција да ја смени со пратеничка, вели дека тоа е поради тоа што Ромите немаат претставник во Парламентот.

-На мојата министерска функција исто така ќе биде Ром интелектуалец, адвокат со големо искуство, и сметам дека ќе ја продолжи мојата програма и на мојот кабинет, изјави Ибраимовски.